Кога свештениците се почесто во виртуелниот отколку во црковниот живот, односно почесто на социјалните мрежи отколку во црквите и манастирите, верниците и неверниците добиваат новокомпонирани мудрости од црковни веледостојници како денешната на владиката Пимен.

– Да се разбереме. За сефте на новата учебна година, за учениците што се online да не се тура вода на рутерите да не падне платформата, после МОН да ни се криви!- гласи пораката на владиката на Македонската православна црква, г. Пимен.

Господе, благослови ја мудроста на Твојот раб и Твојот овоземски службеник!

Дојде време човек да не знае дали да се крсти или да го грабне лаптопот, да седне во џипот и да фати витвиделија во некоја манастирска тишина! За глисер веќе не е време, ладно е по езерата!

(Д.Г.)