Тренерот на Барселона, Роналд Куман е задоволен од перформансите на тимот на натпреварот против Севиља (1:1) во рамките на петтото коло од Шпанското првенство.
– Беше тежок меч. Добро не притиснаа. Ние не игравме топка како што сакавме. Севиља игра добар фудбал, прави добар притисок и физички е посилна од нас. Ова е врвен тим.
Мислам дека игравме добро, но во второто полувреме изгубивме многу топки. Не беше лесно да се влезе во ритам. Како и да е, задоволен сум од перформансите на тимот. Бевме уморни, но се боревме до крај против многу силен противник, изјави Куман за „Марка“
По три кола, Барселона има две победи и еден нерешен резултат.