Претставници на етничките Ерменци во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан денеска изјавија дека во борбите со Азербејџан биле убиени уште 21 војник.
Со тоа, како што пренесуваат странските агенции, вкупниот број на воени жртви на сепаратистите достигна 223 од почетокот на борбите пред осум дена.
Азербејџан повторно го гранатираше Нагорно-Карабах, а претставник на сепаратистите изјави дека бројот на цивилни жртви од почетокот на борбите се искачи на 18.
Азербејџан не ги открива своите воени загуби, но тврди дека загубил 25 цивили.