Новиот работен простор на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, кога ќе се врати на работа по престојот во болница поради коронавирусот, ќе биде привремена канцеларија, што се наоѓа на нивото на подрумот, во непосредна близина на болничкото крило во Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани извори.
Кабинетот на Трамп се наоѓа ба третиот кат во Белата куќа, додека новата привремена канцеларија ќе биде поставена така што лекарите и медицинската опрема да бидат во близина во случај на потреба.
Просторијата во која тој ќе биде сместен се наоѓа веднаш до медицинското одделение, кое вклучува просторија за прием, просторија за прегледи и лекарска канцеларија на претседателот.
Си-Ен-Ен наведува дека покрај тоа, се е така испланирано да претседателот биде на спротивната страна од западното крило, каде има повеќе случаи на коронавирус.