Германија даде зелено светло за симболот на нацистите да се користи во видео игри, пишува денешна „Ла Република“.

Весникот објаснува дека „во Германија  отсега ќе може во електронските игри да се користи наци симболот“.

„Ла Република“ истакнува дека германските супервизори, спротивно на уставот, донеле одлука со која се менува законот за симболите. Така, отсега кукестиот крст, ознаките на Ес-Ес, нацистичкиот крст ќе можат да се користат во уметноста и во науката за да се претстават одредени историски случувања и да се разберат тие од сегашен аспект.

Се уште нема одлука во кои видео игри ќе можат да се користат овие симболи.