Албанскиот министер за дијаспора, Пандели Мајко, денес изјави дека американските претставници имаат доверлива информација дека тој е под закана од разузнавачките служби на Иран.

Како што објавија некои албански медиуми, Мајко истакнал дека сега ќе мора да ги зајакне мерките за безбедност.

-Не се плашам – рекол, Мајко.

За иранскиот режим Муџахедините од Иран (опозицијата) се закана за внатрешната безбедност зашто се залагаат за соборување на системот и негова смена со демократски модел.

Познато е, наведува Албанинан дејли њуз, дека Мајко ја поддржува каузата на Муџахедините, од кои 3.000 се сместени во камп во Албанија.

Мајко додаде дека стратегијата на Иран во регионот е без преседан.