Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска го отвори производствениот капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.
Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Ќојлија во Општина Петровец.
Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.
Според премеирот Зоран Заев, кој присуствуваше на отворањето, ваквите инвестиции во услови на пандемија влеваат сигурност и отвораат работни места.
Компанијата НJСК е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи.