Социјалната мрежа Твитер вчера го блокираше коментарот на Скот Атлас, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој се спротивставува на носењето маски.
“Дали маските служат за нешто? Не. Нема смисла да се носат насекаде”, напиша Атлас, кој се приклучи на Белата куќа во август како научен советник.
Според правилата на Твитер, луѓето од таа компанија кои се задолжени да ги следат коментарите му наложиле да го избрише твитот, затоа што е забрането ширење дезинформации за коронавирусот.
Политиката на Твитер е да забранува лажни или погрешни информации што се ставаат во јавен домен и се однесуваат на здравјето на луѓето.
Во вакви случаи, Твитер ја суспендира сметката на корисникот додека не се избрише коментарот.
– Не разбирам зошто беа избришани моите коментари. Мојата намера беше да му покажам на светот дека носењето маски не е толку ефикасно како што се смета и дека е во ред да се носи маска кога нема место за физичка дистанца, рече Атлас.
Истражувачите утврдија дека маските можат да го контролираат ширењето на вирусот, а здравствените работници во скоро секоја земја во светот ги советуваат луѓето да ги носат.
Сепак, Трамп и неговиот тим често се појавуваа во јавноста, во предизборната кампања, без маски.