Суперѕвездата на НБА шампионот Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна договор со произведувачот на спортска опрема „Најк“ да му го даде својот број 23 на соиграчот Ентони Дејвис. Самиот Леброн ќе се врати на бројот 6 под кој настапуваше во Мајами.
Откако Дејвис се пресели во Лејкерс, Леброн реши да направи убав гест и да му го отстапи својот број на нов тимски колега.
Планот на Џејмс не беше одобрен од „Најк“, кој веќе произведе илјадници дресови # 23 4X МВП и поради тоа можеше да претрпи големи загуби.
Затоа, минатата сезона Дејвис играше со бројот 3 на дресот, под кој настапуваше и за колеџ тимот.