Министерката за труд и социјална политика на Чешка, за време на интервју, кога помислила дека камерите и микрофоните се исклучени, го критикувала чешкиот премиер и го нарекла идиот.
Јана Малачова, член на чешката влада, остро ја критикувала работата на премиерот Андреј Бабиш.
„Сето тоа е хаос што го направи Бабиш. И сега мораме сите тоа да го лижеме. Тој е идиот, извинете “, рече Малачова на крајот од интервјуто, сметајќи дека камерите и микрофоните се исклучени.
Новиот коментар веќе создаде хаос на социјалните мрежи, особено кај членовите на чешката опозиција.
На пример, Мирослав Калоусек напиша на Твитер: „Се прашувам како да ги наречам министрите кои се подготвени да останат во владата на личност за која имаат такво мислење“.
Ова не е првпат да светнат искри меѓу министерката Малачова и премиерот Бабиш.
Во изјава за весникот „Право“ во мај, Бабиш ја критикуваше министерката: „Бев многу разочаран од г-ѓа Малачова, која дејствуваше незаконски за време на оваа криза“.