(Денеска е 9 октомври според стар стил и се слави Св. апостол Јаков Алфеев)
Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение.
По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Египет, каде што и пострада за својот Спасител.
Со голема сила и на збор и на дело, свети Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господа Исуса Христа.
Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех.
Многумина незнабошци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Египет, во градот Острацин, распнат на крст од незнабошците.
Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.