Папата Франциск во документарц кој денеска беше премиерно прикажан изјави дека припадниците на геј популацијата треба да можат да ги легализираат своите партнерства, пренесува Ројтерс.

Оваа негова изјава е една од најдиректните за поддршка на хомосексуалците.

– Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се Божји деца и имаат право на семејство. Неопходно е да се донесе закон за граѓански брак. На тој начин, тие ќе бидат законски опфатени. Јас се залагам за тоа, изјави папата Франциск.

Ваквата поддршка на хомосексуалците е досега невидена позиција во рамките на Католичката црква.
Папата Франциск овие ставови ги претстави во документарниот филм „Франческо“, што беше прикажан денеска на Филмскиот фестивал во Рим и се занимава со ликот и делото на актуелниот папа.

Авторката на филмот, Евгени Афинеевски, вели дека папата ја изразил својата поддршка за ЛГБТ-правата за време на интервју направено за потребите на документарниот филм.

Неговата директна поддршка за геј заедницата претставува израз на сосема поинакво гледиште од неговите претходници, но е и значајна променана во неговите претходни лични ставови.