Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време, порачува министерот за здравство Венко Филипче во „честитката“ за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
– Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје, порача Филипче преку Фејсбук.
Тој својата објава ја илустрира и со „мапа“ како треба да се мине празничниот викенд.