На денешната собраниска комисиска расправа во однос на измени на Законот за заразни болести пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, истакна дека министерот за здравство Венко Филипче лажно ја обвинил опозицијата и лажел дека мерките биле вметнати, кога истите сега амандмански се предложуваат.
Курир.мк пишува дека министерот Венко Филипче, на 19 октомври 2020 година во изјава за јавноста кажа дека Законот за заштита на населението од заразни боелсти е даден по скратена постапка, a во него се вметнати сите предлози, задолжителното носење на маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор, органичување на семејни собири… Сметаме дека тоа е пакет на мерки кои може значително да го намали бројот на новодијагностицирани случаи, рече министерот Филипче.
Мизрахи истакна дека дискусијата е во тоа што овие мерки не биле вметнати во предлог законот туку сега се вметнуваат со амандмани.
Не можеме ни да стигнеме да ги дискутираме амандманите пред него што вие би признале дела лажно ја обвинивте опозијата дека одбива дискутирање по овие точки, критикуваше Мизрахи на расправата.
Според Фактор.мк, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески му порача на министерот за здравство, Венко Филипче дека се консултирал со стручни лица, инфектолози од Прилеп и од други градови кои велеле дека дел од рестриктивните мерки кои треба да се донесат во Собрание се задоцнети и дека требало да бидат донесени порано.
На расправа на Комисијата за здравство на која се дискутираат измени на Законот за заштита на населението од заразни болести опозицијата бара оставка од министерот Филипче и специјална комисија која ќе се справува со корона кризата.
Ристески му порача дека ако сака да се доедуцира ќе се доедуцира од најдобрите, а не од него.
„Ако барам доедукација ќе барам од некого што има постигнати резултати. Не се учи од кецарош, од последниот, се учи од најдобриот, од оној кој постигнува резултати“, рече Ристески.
Филипче кажа дека мерките се препорачани од СЗО и дека се практикуваат во сите земји од регионот.