Американскиот претседател Доналд Трамп преку Твитер и даде поддршка на Франција, каде денеска во терористички напад беа убиени три лица.

Трамп на својот профил на Твитер напиша дека срцата на Американците се со Франција.

– Сочувствуваме со вас. Америка секогаш ќе биде со нашите најстари сојузници во оваа борба. Радикалните исламистички терористички напади мора веднаш да престанат. Ниту една земја во светот, Франција или која било друга, не може тоа долго да го толерира, напиша Трамп.