Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ и Заев граѓаните од ден на ден живеат се посиромашно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека поради неспобноста на оваа влада да се справи со пандемијата од месец март до денес над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и се оставени без никакви примања.
Во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, а власта предводена од Заев нема слух за ова.
Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра, и без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.
Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот, велат од партијата.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани утре, сабота, 31 октомври, пред Регулаторна Комисија за енергетика во 12:30 на собир на кој ќе се изрази револтот и порака за крај на сите овие погубни политики на СДСМ.