Во Тексас, правото на рано гласање или гласање преку пошта на претседателските избори во САД досега го оствариле нешто повеќе од девет милиони избирачи, или повеќе од излезноста на изборите во 2016 година, кога вкупно гласале нешто помалку од девет милиони луѓе.
Победата во Тексас обезбедува 38 гласови на електорите од изборниот колеџ. За победа на изборите, еден од претседателските кандидати,
Во борбата меѓу нив анкетите укажуваат на водство на Бајден, со оглед на променетата демографска слика во државата, соопшти порталот Аксиос. Победата на еден демократ во Тексас, каде сеуште се гласа, до 3 ноември, а тоа значи многу висок одзив, би било удар за Трамп и републиканците, бидејќи во сојузната држава нема победено ниту еден демократ уште од 1976 година.
За да се осигура победата, денеска во Тексас на митинзи оди Камала Харис, демократскиот кандидат за потпретседател на САД, додека тексашките демократи повикуваат на максимално трошење за кампања и реклами за да се обезбеди таа победа.
После Хаваи, Тексас е втората држава каде правото на рано гласање или гласање преку пошта досега го оствариле повеќе избирачи отколку вкупнниот број на излезени гласачи на изборите во 2016 година.