ЛДП е првата партија која што ја има ставено во програмата декриминализација и легализацијата на канабис, изјави потпретседателката на Либералнодемократската партија, Моника Зајкова, која учествуваше на првиот Македонски канабис форум, во организација на граѓанската организација Билка.

– Апсурдно е кривично да се гонат лицата кои консумираат канабис рекреативно, односно за лична употреба, истакна Зајкова.

Таа додава дека „не смееме повеќе да бидеме неми на третманот на конзумените“.

-Не може да дозволиме само затоа што законодавецот во КЗ не ја регулирал личната употреба, но само одредил помала количина, лицата коишто рекреативно го користат канабисот, да бидат претресувани, омаловажувани, малтретирани и стигматизирани, посочува Зајкова.

Таа вели дека легализацијата на канабисот носи многу придобивки пред се од аспект на унапредување на човековото право на избор, но и од економски и медицински аспект.