Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, се заразил со коронавирус и е примен во болница, соопшти вечерва Службата за информации на СПЦ.
Патријархот Иринеј нема симптоми и се наоѓа во одлична општа состојба, наведува службата за информирање на СПЦ во соопштението.
“Како дел од редовната постапка за тестирање и по епидемиолошката проценка, извршен е PCR-тест на САРС CoV2, што потврди дека Неговата Светост Патријархот српски г. Иринеј е позитивен, без симптоми и е во одлична општа состојба. Неговата Светост е сместена во ковид болница во Белград,” се наведува во соопштението објевано на веб-страницата на Службата за информации на Српската православна црква.
Патријархот Иринеј пред неколку дена, заедно со илјаднииц верници, присуствуваше на погребот на митропилитот црногорско- приморски Амфолохије, кој почина од Ковид-19.