Повеќе од 2.400 фотографии го документираат „златното доба на истражување на Вселената“ и тоа е најобемна ваква колекција што некогаш се појавила на наддавање, соопшти аукциската куќа „Кристи“.
Најголемата сензација на аукцијата е необјавената фотографија на Нил Армстронг направена за време на мисијата „Аполо 11“ во 1969 година, кога, како што велат, еден човек првпат стапнал на Месечината. Беше придружуван од неговите двајца членови на екипажот, Баз Олдрин и Мајкл Колинс.
Во тоа време, на ниту една од фотографиите што НАСА првично ги објави, не беше прикажан Амстронг. Тој имал задача да стои зад камерата и да фотографира, но потоа се појави и една слика со него. Фотографијата е дело на Баз Одрин. Се очекува цената да достигне 30.000 фунти (33.500 евра).
На наддавањето ќе се најде и самослик на Олдрин, од мисијата „Џемини XII“ 1965 година, како и над 2.000 други слики од мисии со и без луѓе. На крај ќе има и слики од Марс. Интернет-аукцијата трае од 6 до 20 ноември.