Македонија без Бугари, оган да ја гори, изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Оваа нова провокација, во серијата која се случува последниве денови кон Македонија, Џамбаски ја објави на својот профил на Твитер.
– Македонија без Бугари, оган да ја гори! – напиша европратеникот од Бугарија.
Објавата на Џамбаски е на денот кога кога во Софија се одржа собирот Балкански процес, со кој копреседаваа премиерите Зоран Заев и Бoјко Борисов.