Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа информира дека завршена е јавната набавка со која треба да се обезбедат нови униформи за вработените во Шумската полиција.
Освен тоа преземени се повеќе конкретни мерки на Министерството за подобрување на условите за работа на шумската полиција во насока на спречување на дивата сеча.
–Јавната набавка е завршена за униформите, не знам кој е исходот, но овие денови ќе има јавно објавување. После толку години Шумската полиција ќе добие нови униформи. Пред одредено време доби нова опрема и чевли што ги немаа досега. Така да се работи конкретно на подобрување на нивните услови. Веќе имаме барање и кон организации за опремување на подрачните
Во насока на дејствувањето на Шумската полиција на терен, Хоџа истакна дека продолжува бескомпромисна борба против дивата сеча и дека има координација со сите институции што се вклучени во проблематиката.