Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека испратило честитки до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и потпретседателката, Камала Харис, кои победија на претседателските избори во САД на 3 ноември.
Според портпаролот на Министерството, Ванг Вебин, Кина го почитува изборот на американскиот народ, пренесуваат британските медиуми.
-Разбираме дека резултатите од изборите во САД ќе бидат утврдени во согласност со американските закони и процедури, рече тој.