Во последните 24 часа Министерство за здравство регистрира 31 починато лице од Ковид 19. По вчерашните 40 починати, ова е нова катастрофа за држава од два милони жители.
Од денес починатите, седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64г), двајца од Куманово (76 и 67г), еден од Дебар (71г), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78г), двајца од Тетово (72 и 76г), двајца од Велес (78 и 78г), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67г), три од Охрид (65, 78 и 78г), еден пациент од Кавадарци (72г), еден од Гевгелија (56г), тројца од Кичево (47, 68 и 53г) и еден пациент од Неготино (74г).
Во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на Ковид-19 или 33 отсто во:
-Скопје 503
-Куманово 55
-Дебар 1
-Штип 14
-Прилеп 45
-Тетово 40
-Струга 32
-Велес 29
-Битола 67
-Охрид 40
-Кавадарци 15
-Гостивар 22
-Гевгелија 10
-Струмица 11
-Крива Паланка 12
-Радовиш 6
-Крушево 4
-Кочани 3
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 4
-Берово 1
-Валандово 1
-Виница 5
-Делчево 3
-Свети Николе 13
-Кичево 14
-Ресен 2
-Неготино 22
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од:
-Скопје 279
-Куманово 43
-Дебар 6
-Штип 42
-Прилеп 32
-Тетово 79
-Велес 35
-Битола 65
-Охрид 1
-Кавадарци 15
-Гостивар 49
-Гевгелија 14
-Струмица 39
-Крива Паланка 6
-Радовиш 12
-Кочани 25
-Пробиштип 13
-Демир Хисар 6
-Македонски Брод 1
-Берово 6
-Валандово 5
-Кратово 10
-Свети Николе 3
-Кичево 36
-Ресен 10
-Неготино.11
Досега во земјата се направени вкупно 296.802 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 48613, бројката на оздравени пациенти е 28646, на починати е 1376, а бројот на активни случаи изнесува 18591.