Белоруската полиција синоќа соопшти дека на вчерашните протести против претседателот Александар Лукашенко низ улиците на Минск биле уапени стотици демонстранти.
„Повеќе од 300 лица беа приведени во Минск под обвинение за кршење на законот за масовни собири“, соопшти полицијата, пренесе Тасс.
Според полицијата во Минск, мали групи демонстранти се собрале во периодот од пладне до 15 часот по локално време.
-Во некои области од градот учесниците на неодобрените митинзи се обидоа да го блокираат сообраќајот, но полицијата презеде чекори за да се спречат ваквите активности, изјави портпаролот на полицијата.
Тој додаде дека некои од приведените претходно веќе одговарале за учество во неовластени митинзи, а некои, пак, и се спротивставиле на полицијата, за што ќе следи казна до 30 дена притвор.
-Значи, некои од уапсените имаат шанса да ја минат Новата година во притвор, наместо да бидат дома, со своето семејство, додаде тој.
Според активистите за човекови права, имало пасења на демонстранти и во други белоруски градови.
Според белоруското здружение на новинари, во текот на вчерашните протести приведени се и неколкумина новинари. Некои од нив биле ослободени бведнаш по проверката на идентитетот.