Данска ќе ги заостри ограничувачките мерки што се во сила во моментов за да се опфатат речиси 80 ​​проценти од населението откако беа регистрирани рекорден број случаи на заразени со коронавирус во земјата.

– Имаме инфекции во целото општество и притисок врз болничкиот систем, изјави денеска данскиот министер за здравство Магнус Хеунике, додавајќи дека се очекува пораст на случаите во наредните денови.

Владата во понеделникот најави делумно затворање на 38 општини, вклучувајќи го и главниот град Копенхаген и затворање на барови, ресторани и музеи.

Построги ограничувачки мерки од утре ќе бидат воведени во вкупно 69 општини, опфаќајќи скоро 80 ​​проценти од населението.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се нови 3.132 случаи на коронавирус, што е рекорден број во Данска од почетокот на пандемијата.