Пет велосипедисти загинаа, а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопат во американската држава Невада.

Несреќата се случила кога камион удрил во безбедносно возило кое придружувало група од 20 велосипедисти, соопштија локалните власти.

Властите информираа дека возачот на камионот останал на местото на несреќата, на кое биле испратени единици за да го прегледаат возилото што го управувал. Тие веруваат дека возачот бил свесен во моментот кога се случила несреќата.

Сведоци тврдат дека несреќата се случила кога камионот преминал во лентата за велосипедисти.

Пет велосипедисти починале на самото место. Еден од повредените е пренесен во болница во критична состојба, друг имал помалку сериозни повреди, а третиот се здобил со полесни повреди.

Групата била на неформално возење за да го прослави пензионирањето на еден од велосипедистите.