Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд изјави дека сака да ја помине целата своја кариера во редовите на „црвените ѓаволи“.
– Никогаш не сум размислувал за други клубови, освен за „МЈ“, – го цитира „Тајмс“ Рашфорд.
Го имам тоа мислење уште од детството. Ако носам дрес на друг тим, тоа ќе биде погрешно. Сакам да направам што е можно повеќе за Манчестер јунајтед и се надевам дека ова ќе трае што е можно подолго. Не сакам да го напуштам тимот, додаде 23-годишниот фудбалер.
Рашфорд е дете на Манчестер јунајтед. Тој има 77 голови и 45 асистенции на 232 натпревари за англискиот тим.