Граѓаните денес можеа да видат како изгледа уценет и сервилен обвинител на Зоран Заев. Вилма Рускоска повторно, по кој знае кој пат излезе јавно да го брани криминалот на својот налогодавач, Зоран Заев, се вели во партиското соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по вечерашнто интервју на Вилма Рускоска.
-После вчерашните скандалозни пораки кои беа презентирани во судот, каде што јасно можеше да се види и слушне како премиерот во заминување, Зоран Заев нарачува кој да оди или да не оди во притвор, денес во негова одбрана испадна неговата омилена обвинителка Вилма Русковска. Вилма Рускоска кажа дека како обвинител нема познавање на граѓанското право, а треба да се бори за правда, дека нема криминал за сите скандали и афери каде главен играч е нејзиниот газда Зоран Заев. Сега е сосема јасно дека обвинителството е главен заштитник на мафијата. Со обвинители како Рускоска јасно е зошто Зоран Заев нарачува и ослободува од притвори. После ваквото скандалозно интервју на Вилма Русковска веднаш треба да си даде оставка и фа биде сменета од функцијата јавен обвинител. Во Република Македонија мора да завладее правото, но со вакви обвинители кој се под директен диктат од Зоран Заев, македонските граѓани нема да видат ни „п“ од право, истакнуваат од опозицијата.
Затоа Македонија со партиски јавни обвинители како Вилма Рускоска е на дното на секој меѓународен извешај кој мери ниво на корупција. Рускоска е тежок блам, покажа дека е привезок на Заев, треба заедно да си поднесат оставка за да дојде правда, додаваат од таму.