Обвинителката, Вилма Русковска, во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека во случајот за настаните во Собранието на 27 април не се работи за терористи.

– Делото за 27 април е именувано како терористичко загрозување на безбедноста и е различно од делото тероризам. Требаше сите да одговараат за рушење на уставниот поредок – рече Русковска.

Амнестијата, додаде Русковска е политичка одлука.

– Ако некој беше повреден од таа аменстија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот – додаде таа.