Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам изјави дека уште од сега го знае составот за ЕП 2020 година кое ќе се игра следната година.
– Составот е 100 проценти подготвен. Уште од сега знам кого ќе повикам. Можеме само да се надеваме дека одредени играчи нема да се повредат во текот на сезоната, изјави Дешам за „Л’Екип“ .
Европското првенство требаше да се одржи летото 2020 година, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус.
Турнирот ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Франција е во Ф-групата заедно со Португалија, Германија и Унгарија.