Според последните податоци на Евростат, Бугарија е најсиромашна држава во Европската унија, а по неа следува Хрватска.
Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји-членки се над просекот на ЕУ во однос на материјална благосостојба на домаќинствата.
Најбогати се во Луксембург, што е за 35 отсто над европскиот просек. Следува Германија со 22 проценти.
Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска се во групата земји кои имаат реална индивидуална потрошувачка од 9 до 18 проценти над просекот на ЕУ.
Романија не е во таа група, но е далеку пред Хрватска, која ја престигна во 2015 година.
Таа година, двете земји беа на 58 проценти од просекот на ЕУ, а сега, според новите податоци за 2019 година, Романија е со 79 проценти од просекот на ЕУ, а Хрватска со 66 проценти.
Романија сега се изедначи со Полска и ја престигна Грција, која е на 78 отсто од просекот на ЕУ според потрошувачката.