Првите дози од вакцината против коронавирус ќе бидат достапни во Франција во последната недела од овој месец, изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.
Тој додаде дека кампањата за вакцинација ќе биде интензивирана во јануари 2021 година.
Кастекс нагласи дека прво ќе бидат вакцинирани најранливите групи граѓани во земјата.