Австралиските власти се обидуваат да го откријат изворот на новите случаи на Ковид-19, откако беше откриен мал кластер на болеста во Сиднеј.
Официјалните лица апелираат до сите граѓани кои покажуваат симптоми слични на грип да одат и да бидат тестирани за новиот коронавирус.
Два нови случаи на Ковид-19 беа потврдени во предградија на северен Сиднеј, еден ден откако властите потврдија дека се заразени уште три лица. Пред тоа немаше нови случаи на Ковид-19 во градот.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берециклијан изјави дека властите навистина сакаат да ја решат оваа ситуација и дека не сакаат таа да биде загрижувачка неколку дена пред Божик.
Таа исто така ги повика граѓаните да останат внимателни како и досега.