Личност како Али Ахмети, кои цел живот го посветиле на нацијата, демократијата, интеграцијата и еднаквоста, ретко се раѓаат, рече вицепремиерот Артан Груби на промоцијата на лидерот на ДУИ за почесен доктор на тетовскиот универзитет.
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Груби, денешниот чин го оцени како правилна одлука.
Груби, исто така, вели дека Ахмети целиот негов живот работел посветено на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството.
– Првиот вицепремиер им честита на ректорот, сенатот, академскиот кадар, студентите и сите оние кои се жртвуваа децении наназад за подигање на храмот на знаењето, за чествувањето на г. Али Ахмети со заслужената титула доктор хонорис кауза, затоа што со честа кон него тие прават чест за сите други заслужни личности, соопштија од Кабинетот на Груби.