Со каква иронија СДСМ пишува соопштенија со апел граѓаните да се однесуваат одговорно. Додека СДСМ врти ора, граѓаните седат дома, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Срамота е граѓаните да седат дома, а Костадин Костадинов и Сашко Николов да прават корона забави во рестораните кои работат само за нив. Филипче заедно со неговиот шеф Заев чекаа да поминат изборите во Штип, да ги прекршат и веќе постоечките мерки, а денес да стартуваат некои нови мерки. СДСМ брутално си поигрува и ги навредува граѓаните. Поради неспособноста на оваа власт да се справи со КОВИД-19 и да го намали бројот на новозаболени, граѓаните страдаат, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.