Точно пет дена по ората во Штип при прославување на повбедата на изборите за градоначалник на кои ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше заради пандемијата, вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски е позитивен на Ковид 19.

Николовски информацијата ја сподели на својот фејсбук профил посочувајќи дека има лесни симптоми и дека оди во изолација.

На горната фотографијата е Николовски со новиот граодначални на Штип, Николов.

Инаку според сите релевантни студии за корона вирусот САРС КОВ 2, првите симптоми во најголем број случаи се јавуваат меѓу 5,5 и 7,7 денови. Денеска е петок, точно пет дена од прославата во Штип.