Понижување на високо ниво. Јас дури како Албанец од Македонија се понижив. Срамота!
Вака гласи реакцијата на граѓанин на Република Македонија во врска со настаните по ветото од Бугарија за Македонија во ЕУ и односот на премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче, кој вчера беше во Бугарија да бара од нивните вакцини за Македонија.
Филипче вчера рече дека со бугарскиот врв договориле да ни донираат дел од нивните вакцини, но подоцна бугарскиот премиер Бојко Борисов објави дека тоа ќе биде направено дури откако ќе бидат задоволени потребите со вакцини на граѓаните во Бугарија.
На оваа тема на социјалните мрежи имаше бројни реакции од граѓани кои се чувствуваат понижено.