Груевски ќе го вратиме и ќе си ја одлежи казната, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето на ТВ 24.

Спасовски откако го испофали својот ресор и неговата зголемена ефикасност во справувањето со криминалот во Република Македонија, коментирајќи ја работата на МВР и критиките за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, само кусо порача дека „тој ќе се врати и ќе ја одлежи затворската казна“.

Експремиерот Груевски, како што е познато, замина во Унгарија каде што доби политички азил поради прогонот и политичките пресуди во Македонија, по доаѓањето на власт на СДСМ, чиј потпретседател е Спасовски.