Денешните турканици пред банките упатуваат на можна опасност од нов кластер на Ковид-19 што, апсурдно, може да се рашири од помошта што Владата им ја дава на граѓаните токму поради короната.
Додека власта се фали дека пензионерите ќе добијат по 6.000 денари, се уште не се знае кога за граѓаните во Македонија ќе стигнат вакциите, кои во соседните земји се веќе стигнати и почната е вакцинацијата.
Пензионерите чекаат во редови да си ги подигнат 100-те евра од Владата и се изложуваат со „ваучерот од Владата“ да добијат и Ковид-19 поради непочитување на мерките пред банките.
Граѓаните на социјалните мрежи реагираат дека „помошта од сто евра ќе треба да се користи за лекови“ поради сериозната опасност од зараза додека се чека во турканиците.