Заев вечерва во интервју за Канал 5 појасни дека фрижидерите за чување на вакцините се донации од компании.
-Има компании кои имаат фрижидери за чување на сите други лекови. Вакцината се чува како сите други лекови. А, оние што се -70 се донација, мислам од Соединетите Американски Држави, УСАИД. Тоа е така зошто се знае дека не повеќе од ¼ би била вакцината на „Фајзер“ која што е единствената што се чува на -70, другите се на нормални околности за чување, рече Заев.
Вели дека со личен пример ќе се охрабруваат граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат и не веруваат во нејзината безбедност.
-Јас би бил еден од првите за да можам да охрабрам, секако, за сите да ја примат вакцината. Владата е подготвена да разработи јавна кампања за која веќе отвораме јавна дискусија со медиумите, новинарите и работници. Јавната кампања мора да допре до сите. Одговорноста за примање на вакцината е одговорност за јавното здравје, рече Заев.