Атанас КИРЈАКОВ
Никола Делчев, таткото на Гоце Делчев, е роден во Кукуш во 1844 год. Негова сопруга е Султана Делчева, родена во 1850 год. во село Морарци, Кукушко. Имаат девет деца. Тројца од нив, Гоце, Милан и Димитар загинуваат за слободата на Македонија кака македонски револуционери, членови на МРО.
Султана Делчева, умира во Кукуш во 1907 год., само четири години по убиството на Гоце Делчев. Во 1913 год. Никола Делчев заедно со останатите членови на неговото семејство, како и со некоклу илјади негови сограѓани, принудно го напушта Кукуш, кој е запален до темел од грчката војска. Како бегалци се населуваат во Горна Џумаја, каде умира во 1920 година. Погребан е во Горна Џумија, денешен Благоевград.
Но, денес, неговиот гроб во Благоевград е празен.
Имено, на 4 март 1990 година, останките на Никола Делчев беа пренесени од неговиот гроб во дворот на црквата Воведение на Богородица, каде се положен во израдениот во 1987 година „Меморијал на Делчеви“.
Интересно е што црквата Воведение на Богородица е изградена во 1844 година, истата година кога е роден Никола Делчев.