Во Тајланд е регистриран првиот смртен случај од коронавирус по речиси два месеца, поради што денеска се засилија ограничувањата во индустријата за забава во главниот град, во обид да се запре ширењето на случаите што се појавија во повеќе од половина од покраините.

Во претходните 24 часа во земјата се регистрирани 144 заразени со коронавирус, поради што се затворени обложувалниците во Бангкок, а баровите и ноќните клубови до 4 јануари ќе можат да бидат отворени до полноќ, јавија британските медиуми.

Министерот за здравство Анутин Карнвиракул изјави дека се наоѓа во двонеделен карантин откако остварил контакт со заразен гувернер на една провинција.

Претседателот на парламентот Чуан Ликпаи од 29 парламентарни службеници побара да се тестираат по состанок со заразено лице.

Од почетокот на пандемијата во Тајланд се пријавени само 6.285 случаи на заразени со коронавируси и 61 смртен случај.