На територија на Град Скопје вчера се казнети 210 возачи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, казнети се 78 возачи за управување со брзина поголема од дозволената, 22 за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила.
Изречени се 10 санкции за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.