Француското Министерство за здравство соопшти дека ја проширува својата кампања за вакцинација против Ковид-19 на припадниците на противпожарната служба и другите служби за заштита кои се постари од 50 години.
– Ќе ја зајакнеме, забрзаме и поедноставиме нашата кампања за вакцинација, изјави министерот за здравство Оливие Веран за радиото РТЛ.
Франција вчера ја забрза вакцинацијата на медицинскиот персонал во болниците против Ковид-19, откако беше критикувана за бавното спроведување на имунизацијата.