Најмалку 23 лица загинаа во текот на викендот во судири меѓу полицијата и банди во Каракас, главниот град на Венецуела, соопштија медиумите и активисти за заштита на човековите права.

Инцидентите почнаа во петокот попладне со операција на две полициски единици – Специјалните акциони сили, познати како ФАЕС, и Единиците за специјални тактички операции, познати како УОТЕ – во населбата Ла Вега, во која дејствуваат голем број банди. Судирите продолжија и во саботата.

Според медиумите и активистите, во судирите најверојатно ниту еден полицаец не го загубил својот живот.