Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на конгресот на Работничката партија, викендов во Пјонгјанг, е избран за генерален секретар на оваа единствена и владеачка партија во земјата.
Неговото назначување доаѓа по ревизијата на статутот на партијата, со кој се врати секретарскиот систем, укинат на претходниот конгрес во 2016 година, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејската официјална агенција КЦНА.
Помладата сестра на Ким, Ким Jо Џонгџи, наводно се наоѓала на списокот на алтернативни членови на моќното Политбиро на партијата.
Покојниот татко на Ким, Ким Џонг-ил, исто така, ја имаше титулата генерален секретар на Работничката партија.