Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во регион на границата меѓу Русија и Монголија, јави германскиот Истражувачки центар за геолошки науки.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесоа британските медиуми.

Епицентарот бил на 277 километри југозападно од Ангарск, во сибирскиот регион.

ТАСС јави дека досега не е пријавена никаква материјална штета.