Вртиме нова страница во армискиот стадард, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Нови чизми, нови униформи, нови беретки- армиските припадници од глава до пети облечени во ново. Но, не застануваме тука. Во тек е набавка на втор комплет униформа и летни чизми и спортска опрема за целата Армија, објави Шекеринска на Фејсбук.
Армијата (АРМ), како што е познато од промоцијата на Шекеринска, од пред неколку години има и нови гуми за дел од возилата.