Црвениот картон што Лионел Меси го доби синоќа во завршните моменти од финалето на шпанскиот Суперкуп е негов прв во 753 одиграни натпревари во дресот на Барселона и вкупно само трет во кариерата.
Другите две исклучување на Меси беа во репрезентативниот дрес на Аргентина. Тој за прв пат предвреме напушти натпревар во 2005 година во пријателски меч против Унгарија, а вториот црвен картон го доби во пресметка против Чиле во Копа Америка во 2019 година.
Барселона синоќа во драматичен меч по продолжение загуби во финалето на шпанскиот Суперкуп од Атлетик Билбао со 3:2, а главниот судија го исклучи капитенот на каталонскиот клуб во 119 минута, откако по консултација со ВАР собата процени дека Меси намерно го удрил со рака во главата противничкиот играч Асиер Виљалибре.